Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници, информира Министерството за здравство.

Во моментов нема дефицит на персонал во болницата. Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје. – се вели во соопштението.

Министерството за здравство aпелира да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции.

Министерството за здравство е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време. – се наведува во информацијата, која уследи откако во јавноста се појавија шпекулации во фрска со состојбата со корона вирусот  во делови од земјата.

OhridNews