Во продолжение на кампањата ”Со вас поблиску до граѓаните,” делегацијата на министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од Министерот, д-р Неџати Јакупи, денеска престојува во Општина Струга.
Во рамките на работната посета, министерот Јакупи оствари средба со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Целта на посетата е запознавање со проблемите со кои се соочуваат жителите на општините во однос на животната средина, и утврдување на генералните правци на соработка меѓу министерството и локалната самоуправа.