Министерот за животна средина и просторно планирање др. Неџати Јакупи, денес во 19:30 часот ќе ги посети наставниците кои се на обука за користење на Зелениот пакет и ќе ја спроведуваат наставната програма за одржлив развој и заштита на животната средина.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за образование и наука во соработка со Регионалниот центар за заштита животна средина за централна и источна Европа (РЕЦ) канцеларија во Македонија го спроведуваат проектот „Зелен пакет – образование за одржлив развој во училиштата во Република Македонија”. Донатор на проектот е Австриската влада која донираше 321.000 евра. Дополнително Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за образование и наука учествуваа со средства во противвредност од 39.800 евра. Вкупен буџет на проектот е 360.800 евра.
Во рамките на оваа работилница ќе бидат обучени околу 300 наставници по биологија и географија од основните училишта во Р.Македонија. На крајот од обуката сите наставници кои ги претставуваат своите училишта ќе добијат одреден број Зелени пакети.
ohridnews