По серијата оставки поднесени попладнево, министерот за здравство Венко Филипче на одржаната прес конференција вечерва рече дека од морални причини понудил пишана оставка до премиерот, Зоран Заев.
Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа може да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет, затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот, Зоран Заев, рече Филипче.
Пред година и пол го регистриравме првиот ковид случај во нашата земја и од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно, соопштувајќи ги сите и добри и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, никогаш не останав должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните, рече Филипче.
OhridNews