Министерот за здравство Бујар Османи попладнево е полесно повреден во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Гостивар-Тетово, пренесува „Макфакс“.

Како што соопштија од СВР Тетово, службеното возило на министерот се судрило со друго возило кое се приклучувало на патот, во близина на ресторанот „Ловец“, кај селото Жеровјане.

Министерот Османи итно бил префрлен на скопските клиники, од каде информираат дека тој е во добра општа состојба. Ќе биде задржан за  опсервирање и се очекува утре да биде пуштен  на домашно лекување.

Полицијата е на местото на настанот и ги утврдува причините за несреќата.

OhrodNews
извор: „Макфакс“