Министерот за образование Перо Стојановски полесно е повреден во сообраќајната несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Охрид-Скопје кај Пресека. Според СВР Охрид несреќата се случила во 8:40ч. кога од засега непознати причини владиниот автомобил, марка „ауди“ ја изгубил контролата удрил во банкината, потоа во карпите од каде се одбил и застанал на патот. За среќа министерот и возачот минаа неповредени, соопшти СВР Охрид.


Министерот Стојановски по несреќата бил пренесен во Коснозглобната болница во Охрид. При извршениот преглед биле констатирани лесни телесни повреди по што министерот бил пуштен на домашно лекување.Стојановски утрово присуствуваше на наставата во средношколскиот центар во Струга каде по четиринеделен бојкот учениците Македонци се вратија во школските клупи.

ohridnews