Министерот за образованиe Перо Стојаноски поднесе оставка, пренесоа денеска повеќе национални медиуми повикувајќи се на извори во владата.
Оставката на Стојаноски, е втора за кусо време во кабинетото на Груевски. Минатата недела од функцијата се повлече вицепремиерот Ивица Боцевски со што се поочигледно станува дека се готви владина реконструкција.