Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, утре, ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Шаленберг ќе биде пречекан од својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, додека во рамки на посетата ќе биде примен и од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања.
OhridNews