„Потребни се построги критериуми и мерки за евалуирање на квалитетот на целото високо образование, а не само на дисперзираните студии“, вели министерот во однос на тоа дали факултетите во помалите места стануваат „трафики за продажба на дипломи“.
„Јас пред некое време најавив 15-тина мерки кои ќе бидат имплементирани со измени на законот за високо образование. Овие мерки се однесуваат на повеќе сегменти, како што се мерките за интернационализација на Универзитетите и воведување на одреден број студиски програми на додипломски и постдипломски студии да бидат полагани и изведувани целосно на англиски јазик. Со овие измени го решаваме и непотизмот во високото образование што има и одреден импакт на квалитетот. Исто така го зголемуваме учеството на студентите во одлучувањето, но што е поважно за мене овозможуваме јавно објавување на извештаите од самоевалуацијата, односно оценувањето што студентите го вршат врз професорите и спојување на Одборот за акредитација и Агенцијата за евалуација за квалитетот на високото образование“, вели Тодоров.
извор: Makfaks