Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска ќе го посети Универзитетот за информатички технологии во Охрид.

Тодоров ќе оствари средба со факултетската управа со цел да се информира за работата на новата високообразовна институција, која поради адаптација на просторот во некогашниот дом на АРМ првата академска година ја започна во импровизирани услови.

Ohridnews