Министерот за образование и наука, Перо Стојановски денеска  ќе посети неколку училишта во Општина Охрид:  ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец; ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид; ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Како што информираат од МОН, во овие училишта треба да се изградат фискултурни сали во рамките на проектот „145 фискултурни сали“ на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука. Деталите за тоа на средба со новинарите денеска ќе ги соопшти министерот Стојановски.

Ohridnews