Министерот за здравство Имер Селмани при посетата Заводот за превенција, лечење и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, беше запознат со работата на оваа здравствена установа.

Со  отворањето на Одделението за интервентна кардиологија,  неодамна Заводот за превенција, лечење и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, стана регионален центар во кој покрај граѓаните од нашата земја, тука се лекуваат и пациенти од соседна Албанија.

Во разговорот со директорот на Заводот за превенција, лечење и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, д-р Никола Бакрачески, министерот селмани беше информиран за потенцијалите со кои располага оваа здравствена установа, како и за реалните проблеми со кои се соошува таа.

– Заводот има и кадровски и други потенцијали да стане уште позначаен
регинален центар заради што ќе ја има поддршката на ресорното
Министерство и на Владата, истакна министерот за здравство Имер Селмани
при посетаа на Заводот во Охрид.


Директорот на Заводот Бакрачески и министерот Селмани

Селмани најави дека Министерството за здравство ќе ги поддржи не само развојните програми, туку ќе им пружи поддршка и на сите  медицински центри и болници да се извлечат од лошата состојба. Според него, веќе се видливи таквите резултати посебно кога се во прашање болниците во Битола, Скопје и Тетово, но и во други градови.

Министерот Селмани вчера го посети и Центарот за дијализа во Струга.