Министерот за здравство Беким Сали ги повика здравствените работници да учествуваат во хуманитарните активности во Турција која ја погоди разорен земјотрес.

Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена. Доколку сте заинтересирани да учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме дополнителна логистика. Ве повикувам да ни се придружите и да ја покажеме нашата солидарност и знаење со цел да им помогнеме на тие на кои им е навистина потребно, стои во објавата на Фејсбук.

Линкот до формулар за пријавување интерес е https://forms.gle/yCoUfbj7kEcBrE7r8. 

OhridNews