Трансферот на македонскиот голман во германски Гумерзбах е веќе комплетиран и тој до крајот на неделава ќе се појави на тренинг со новите соиграчи, пишува дневниот весник Дневник.
Според весникот сумата што “црвено-црните“ ќе ја добијат за предвременото отстапување на голманот, ќе биде „шестцифрена “.
Ристовски за има право на настап мора да биде регистриран најдоцна до среда. Моментално на голманската позиција во Гумерзбах се Хрватот Вјечеслав Сомиќ и Словенецот Алјоша Резар. Ристовски во германскиот клуб треба да остане следните 2,5 години.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com