Во текот на денешниов ден министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, ќе го посети Летниот камп „Ја сакам Македонија“ кој секоја година, традиционално, се одржува во Охрид.
Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе одржи предавање и ќе им додели благодарници на учесниците на истиот.
Инаку летниот камп започна на 16-ти август и на него учествуваат вкупно 50 деца од Заедниците на Македонците од соседните држави на Република Македонија, од балканските земји и дијаспората.
Во рамки на Летниот камп, на унапредувањето на познавањата за литературниот македонски јазик и култура на учесниците работат професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а предавања за македонската историја одржуваат научни соработници од Институтот за национална историја во Скопје.
Активностите на Летниот камп ќе финализираат со квиз натпревар, турнир во мал фудбал и завршна приредба на која учесниците – ученици ќе се претстават со свои точки од областа на културата.
OhridNews