Членовите на семејствата на загинатите припадници на АРМ од воениот конфликт во 2001 година и на припадниците на воздухопловниот винг што загинаа во хеликоптерската несреќа во 2008 година кај Катланово, денеска во воениот камп во Св. Наум ги посети Министерот за одбрана Зоран Коњановски .

– Тука веќе традиционално на одмор доаѓаат најблиските на загинатите, дел од оне кои загинаа во хеликоптерската несреќа, дел од загинатите кај Љуботенски бачила. Сите тие премногу ја задолжија Република Македонија и Министерството за одбрана. Со ништо не можиме да ја надополниме нивната загуба, но човечки е барем накратко да се дружам со нив, да позборуваме за нивните проблеми и доколку може да решиме некои од тие проблеми, истакна министерот Коњановски.

Од Здружението на загинатите „Херои на Македонија 2001“ истакнаа дека кај институциите постои разбирање на  проблемите и потребите на членовите на семејствата на загинатите припадници на АРМ, но и дека има  одредени недоразбирања кои се решаваат.

–  Има некои пропусти, но воглавно се работи за административни грешки како изгубена документација или недоволна информираност на семејествата во остварувањето на нивните права, рече Владо Стојановски, претседателот на Здружението на загинатите „Херои на Македонија 2001“.

Оваа година правото на летување во воените објекти на Охридското и Дојранското Езеро ги искористиle 70 семејства, додека во оваа смена во воениот камп „Свети Наум“ на охридската ривиера летуваат 28 членови на семејсвата на загинати припадици на АРМ.

OhridNews