Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски во Охрид оствари неформална средба со министрот за одбрана на Република Албанија и со министрите за одбрана на Република Хрватска, Република Турција  и Република Словенија, кои заедно со колегите од земјите во регионот ќе земат учество на Регионалната Конференција за НАТО Интеграции на Југоисточна Европа (ЈИЕ), што утре ќе се одржи  во Битола. Со највисоки воеми почести дел од учесниците на конференцијатља беа пречекани на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.


Конференцијата ја организира Министерството за одбрана (МО) во коорганизација со Регионалниот Центар за безбедносна соработка РАКВИАК. Темата на Конференцијата ќе биде „Значењето на НАТО интеграциите во ЈИЕ, развивањето на заедничката трансатлантска визија и идните перспективи на Регионот“.


– Со организацијата на овој исклучително важен настан во областа на одбраната и безбедноста, Република Македонија ја потврдува нејзината посветеност кон натамошното јакнење на дијалогот и соработката во одбраната како придонес кон севкупните напори за интеграцирање во НАТО и ЕУ. Регионалната Конференција е одлична можност за потврда на придонесот на Република Македонија кон јакнењето на стабилноста и безбедноста во Регионот, но и за промоција на националните, регионалните и меѓународните прашања од областа на безбедноста, со заеднички напори и поддршка на РАКВИАК Центарот, информираат од Министерството за одбрана.


Република Македонија е една од 11те земји основачи и една од 30те придружни земји членки на овој препознатлив и афирмиран регионален центар со седиште во Ракитје, покрај Загреб.

OhridNews