Бразилскиот министер за здравство, Хозе Гомес Темпорао, изјавил дека луѓето мораат да бидат активни поради нивното здравје, а таа активност вклучува и често водење љубов. Додал дека тоа сериозно го мисли бидејќи возрасните луѓе мораат да вежбаат.
Навел дека танцувањето и водењето љубов се добри за крвниот притисок. Тој им порачал на жителите да водат љубов што почесто, но и да користат заштита.