Министерот за економија, Фатмир Бесими, попладнево преживеа сообраќајна несреќа. Од неговиот кабинет информираат дека тој е во добра здравствена состојба и нема повреди. По инцидентот министерот веднаш бил префрлен во Ургентниот центар.


„Се случи мала сообраќајна несреќа во близина на Владата, министерот Бесими и неговиот возач се во добра состојба. Направени се сите прегледи во Ургентниот центар и се е во ред“, изјави портпаролката на Бесими.

Сообраќајната несреќа се случила во близина на Владата во 17.30 минути меѓу автомобил Фиат и автомобилот Волво во кој се возел министерот.

“Извор Макфакс“
Ohridnews