Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска престојува во Охрид каде ќе се обрати на отворањето на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Како што соопшти Министерството за култура и туризам, министерот Љутков ќе го посети Плаошник, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и в.д. директорите на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева и на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Горан Патчев.
OhridNews