Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе одржи прес- конференција по повод почетокот на учебната 2023-2024 година.

Се очекува Шаќири да информира и за испораката на учебници во основните училишта. МОН пред два дена соопшти дека за сите одделенија учебниците ќе бидат доставени на првиот ден од учебната година, освен за шестоодделенците за кои ќе се испорачаат во текот на септември, односно откако ќе ги поминат сите фази од процесот на одобрување.

Согласно Концепцијата за основно образование која од 2020 година се спроведува етапно, во оваа учебна година учебници по нови наставни програми ќе имаат учениците од трето и од шесто одделение.

OhridNews