Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ „Св. Апостол Павле” проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска беше домаќин на високата претставничка Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со Зоран Мартиновски, претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и Давид Оберхугер, директор на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери.

Министерката Лирман го посети Универзитетот за информатички науки и технологии УИНТ „Св. Апостол Павле” во Охрид и просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator во рамките на Универзитетот. Беше разговарано на интересни теми околу меѓународната соработка, потенцијалните инвестиции и заеднички проектни активности, информираат од Универзитетот.

УИНТ „Св. Апостол Павле” во Охрид, покрај образовната, едукативна и научно-истражувачката работа, додаваат во соопштението, активно продолжува да ја развива својата проектна дејност и меѓународна соработка, сега и во иднина, вклучувајќи клучни институции од Охрид, државата, регионот, како и во светски рамки.

OhridNews