Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на ексклузивните гости кои го отворија 54- то издание на фестивалот „Охридско лето“, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство.
Тројцата врвни уметници од министерката Канческа- Милеска добија и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја.
OhridNews