Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе го посети седиштето на оперативниот штаб на Министерството задолжен за безбедносно покривање на форумот на НАТО Алијансата во Охрид.
НАТО форумот го покриваа околу 2000 припадници на полицијата, а организацијата отворено ја пофали лично генералниот секреатар на алијанстата Јаап де Хоп Шефер.
Министерката Јанкулоска денеска во Охрид ќе се сретне со австрскиот министер за внатрешни работи Гинтер Платер кој престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.
Г.М.