Тајландскиот министер за финансии Корн Чатикаваниј во вторникот гостувал во специјална епизода на популарната сапуница „Ванида“. Во посебната епизода го рекламирал владиниот проект за помош на жителите во решавањето на проблемите со долговите. Сапуницата се случува на Тајланд за време на втората светска војна. Тројцата главни актери разговараат за финансиите и долговите и тогаш на сцена стапува министерот и го објаснува владиниот проект.
Тајландската влада вовела мерки со кои сака да ги придобие гласачите на северот од земјата каде преовладуваат противници на владата. Тие проценуваат дека околу еден милион тајландски домаќинства им должат пари на лихварите кои месечната камата ја креваат и до 40 проценти.