Минималната плата за 2024 година ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, е утврдено на денешната втора седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).

По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, велат од МТСП.

Порастот по основ на просечно исплатената нето плата, додаваат, е 14,9 отсто според соопштението бр.4.1.24.16 од 22.02.2024 година на Државниот завод за статистика, а порастот на индексот на трошоците на живот изнесува 9,4 отсто според податоци на Државниот завод за статистика објавени со соопштение 4.1.24.02 од 09.01.2024 година.

OhridNews