Охридските ракометари забележаа минимална победа 23-22 (14-12) против Преспа од Ресен во контролниот натпревар одигран во спортската арена „Билјанини Извори“.

Тесната победа над ресенчани е втора за „гладијаторите“ во подготвителниот период, а ја извојуваа тешко во самиот финиш од средбата.

Тренерот на охриѓани, Горан Андоновски шанса му даде на речиси сите ракометари кои ги имаше на клупата.

Во сабота со почеток во 15:30 часот охридските ракометари ќе одиграат нов контролен натпревар против тимот на Прилеп.

Мх.П.