Македонската фудбалска репрезентација го прекина постот и минимално со 1-0 ја совлада Литванија со голот на Пандев во 54 минута.

Мечот против Литванија беше последната тест средба пред стартот на квалификациите за Мундијалот во Бразил.

Македонија на овој меч ја водеше в.д. селекторот Гоце Седлоски, кој го замена Тошак на македонската клупа. Дали Седлоски или некој друг ќе ја добие селекторската функција ќе биде познато деновиве.

фото “мкд.мк“
М.П.