Фудбалерите на Охрид со победа ја завршија есенската полусезона во Третата фудбалска лига, совладувајќи го Караорман (1-0) во „езерското“ дерби.


Човек на одлука во дербито во рамките од 13-та рунда во Третата лига беше Боге Бимбилоски кој по асистенција на Даниел Огненоски во 29-та минута ја погоди мрежата на стружани.

Охридските бели имаа можност порано да го отворат резултат, но Мартин Нически не реализираше од белата точка.


Неколку шанси за втор гол имаше домашниот состав, но добри прилики за изедначувачки погодок не искористија гостинските фудбалери.

Со новите три бодови охриѓани ќе „презимат“ во горниот дел од табелата додека Караорман на пролет го очекува грчевите борба за опстанок.

Фотогалерија: 

Мх. Постоловски