Македонската репрезентација под 17 години имаше успешна контрола и на “Билјанини Извори“ минимално со 1-0 ја совладаа содветната репрезентацијата на Романија.
Стрелец на победничкиот гол беше Жута по 15 минути игра. “Црвено – жолтите“ по постигнатиот гол ја контролираа играта во средината на теренот, не дозволувајќи противникот да се разигра.
Македонија во 70 минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Меди, гостите се ослободија од притисокот и во финишот на мечот имаа неколку посериосни прилики за израмнување.
Најзрелата прилика ја имаше Канда кој изби очи во очи со Димитириевски, на македонскиот голман не дозволи израмнување.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com