Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз (1-0) од Словенија во контролниот натпревар кој двете селекции го одиграа во Копер.


За „змајчеките“ оваа минимална победа е прва во меѓусебните натпревари со Македонија, а ја обезбедија со голот на Роман Безјак во 58-та минута.

 
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски ги исполна најавите и мечот го започна офанзивно со повратникот во селекцијата Горан Пандев, Александар Трајковски, Агим Ибраими и Иван Тричковски во составот.


Македонија нова шанса за поволен резултат ќе има на 29 март, кога на националната арена „Филип Втори“ ќе ја пречека селекцијата на Бугарија.

Мх.П.