Фудбалерите на Работнички со триумф ги завршија подготовките во Охрид. „Романтичарите“ на СРЦ „Билјанини Извори“ во последниот тест натпревар славеа над второлигашот Охрид со 2-1, полувреме (2-1).
Топлото време не им сметаше на фудбалерите од двете екипи да одиграат добар и квалитетен натпревар. Работнички ја контролираше играта и преку повратникот во екипата Муарем Муарем постигна два погодоци. Првиот од пенал, вториот од игра.
Пред крајот на првото полувреме Охрид го намали резултатот. Стрелец на голот беше Александар Целески.
Во второто полувреме шанси имаше на двете страни, но мрежите мируваа. Темпото на игра опадна после измените и резултатот остана од крајот на првиот дел.
Охрид го претрпе вториот пораз во подготвителниот период додека Работнички ја забележа втората победа на подготовките во Охрид.
OhridNews