Ракометарите на Охрид со минимален пораз од Вардар Јуниор (23-22) во Кале ги заврши мечевите во регуларниот дел од Супер лигата.
Охриѓани го имаа последниот напад на мечот, но не успеаја да го реализираат за реми со подмладокот на „црвено црните“.
Пораз со ништо нема да влијае на пласманот на табелата бидејќи „гладијаторите“ пред последната рунда го имаа осигурано вицешампионската позиција.
Охридските ракометари после овој меч имаат четири дена слободни, а потоа ќе се подготвуваат за мечевите од Купот на Македонија и плејофот.
Мх.П.