Во неизвесен финиш ГРК Охрид загуби на гостувањето во Скопје од РК Бутел 24:23 (11:10), во натпревар од 1 коло од ракометната Супер лига.

 

„Гладијаторите“ можат да жалат, бидејќи пропуштија можност да ја отворат сезоната со позитивен резултат. Охрид имаше предност од +4 гола во 45 минута, но грешките во финишот традиционално незгодниот Бутел максимално ги казни и забележа минимален триумф.

 

Домаќините подобро го отворија мечот. Поведоа 3:1, па 5:3, но Охрид не дозволи Бутел резултатски да се одлепи. Во 25 минута беше 9:8, а на полувреме 11:10.

 

Во вториот дел Охрид ја сврте играта, а и резултатот. Со два гола уште на стартот го презеде водството 11:12, во 34 минута поведе со +2, потоа со 3, а во 45 минута и со +4 (15:19). Бутел не се предаваше и почна да ја топи предноста на гостите. На 5 минути до крајот беше егал 21:21, по што се играше гол за гол. При водство на Бутел 23:22 Охрид со играч повеќе на теренот направи грешка во напад по што прими гол од речиси невозможна ситуација, што на крај го чинеше пораз.

Нјефиксани на мечот беа Димитар Ѓеоргиевски (Бутел) и Владимир Бојаниќ (Охрид) со по 8 голови.
Владимир Бојаниќ ГРК Охрид. Фото: А. Момироска
Во следното коло, идниот викенд, Охрид на домашен терен го пречекува Прилеп.
Г. Момироски
Фото: А. Момироска