Ракометарите на Охрид, го претрпеа вториот пораз во контролните натпревари од подготвителниот период, откако изгубија од Еурофарм Пелистер 2 со 22-21, полувреме 8-10.
„Гладијаторите“ во поголем дел од натпреварот имаа контрола на резултатот, а домаќините до победата стигнаа со добра игра во финишот.
Најрасположен за игра во Охрид беше Бобан Блажески кој постигна пет погодоци, а Наум Костов, Игор Чагаљ и Денис Тот реализираа по три. Најдобри во охридскиот состав беа голманите Никола Даниловски и Јагош Брауновиќ, кои искомбинираа 17 одбрани. Кај домаќините Стефан Талевски постигна шест погодоци.
Охриѓани претходно изгубија од првиот состав на Еурофарм Пелистер, а славеа во дуелот со Голден Арт КЛ7.
OhridNews