Фудбалерите на Охрид Лихнидос се поразени на гостувањето во Кратово во 21 коло оф Втората лига Запад. Лидерот Силекс со голот на Танушев во 71 минута стигна до победа од 1:0 и вредни три бода во трката за Првата лига.

Второпласираната Воска Спорт, пак, на домашен терен без проблеми ја совлада екипата на Велешта со убедливи 4:0.

На табелата води Силекс со 53 бода, Воска Спорт е втора со 48, а Вардар трет со 43. ГРК Охрид Лихнидос е на осмото место со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање во која се Велешта (17) и Кадино (6).

Во следното коло кое на програмата е на 9-ти април, Охрид Лихнидос во натпревар за опстанок дома  го пречекува Кораб, додека Воска Спорт гостува кај фенерџијата Кадино.

Г. М
Фото: Архива