Фудбалерите на Струга Трим Лум забележаа минимална победа против Пелистер 1-0 (0-0) во тест средбата која се одигра на Градскиот стадион во Струга.

Покрај отворениот фудбал и неколку изгледни прилики за погодок на двете страни мрежите мируваа во првите 45 минути. Погодокот кој го одлучи победникот домаќините го постигнаа на стартот од второто полувреме. Дејан Цветаноски беше соборен во казнетиот простор а Нијаз Лена стрелаше прецизно во мрежата на битолчани. До крајот на мечот фудбалерите од двата состави имаа по уште некоја прилика за погодок но резултатот остана не променат.

Стружани генералката пред почетокот на Првата лига ќе ја имаат утре ротив Кораб во Радолишта, додека битолски Пелистер влегува во завршна фаза од подготовките за стартот од Втората лига.

OhridNews