Минијатурен ракопис на Шарлот Бронте бил продаден на аукција во Лондон за 1,1 милиони евра, што било двојно повеќе од првобитната проценка. Станува збор за необјавено дело на славната британска писателка, кое се нашло во вториот број на „Young Men’s Magazine“, кој Шарлот Бронте го напишала во 1890 година, кога имала само 14 години.
Во него била опишана една од сцените кои писателката подоцна ги сврстила во својот познат роман „Џејн Ејр“. Во аукциската куќа Сотби пред почетокот на лицитацијата предвидувале дека ракописот ќе достигне цена од 300 до 500 илјади евра. Конечната сума поставила нов рекорд за едно литературно дело на сестрите Бронте. Реткиот ракопис, кој до самата аукција не бил виден од ниту еден експерт, бил купен од парискиот музеј за писма и ракописи.