Репрезентацијата на Македонија до 21 година од 10 до 14 декември ќе одработи мини подготовки и ќе одигра тест средба во Охрид.
Селекторот на младата селекција, Благоја Милевски се одлучи крајот на есенскиот дел од сезоната да ги заокружи со тест дуел главно за фудбалери кои настапуваат на домашната фудбалска сцена, а се потенцијал за место во националниот тим.
Натпреварот помеѓу младата репрезентација и сениорскиот состав на Работнички ќе се одигра на 14 декември со почеток во 13 часот.
OhridNews