Трговијата со дрога е едно од најголемите зла на човештвото. И полицијата и војската имаат големи проблеми во пронаоѓањето на илегални плантажи со канабис, билка од која се прави марихуаната. Сега имаат мини хеликоптер направен во Холандија, кој го користи тамошната полиција.


Мини хеликоптерот може да лета осум часа, има вградена камера и мирисни сензори за откривање канабис што многу помага во борбата против илегалните одгледувачи. Тоа се виде уште при првиот лет кога веднаш пронајде поле со канабис.