Спротскиот викенд во Охрид ќе помине во знакот на фудбалот. На терените од СРЦ „Билјанини Извори“ в сабота, в недела и в понеделник ќе има по еден натпревар во рамките од подготвителниот период.

Фудбалската програмата ќе ја отвори составот на Охрид. „Рибарите“ в сабота на домашен терен со почеток во 12 часот ќе ги одмерат силите со Кораб. Тест средбата со ривалот од Дебар ќе биде четврта за охридските фудбалери во подготвителниот период.

В недела, на стадионот „Билјанини Извори“ ќе се сретнат екипите на Струга Трим Лум и Пелистер. За стружани ова ќе биде прв натпревар по враќањето од подготовките во Турција, додека „зелено белите“ мечевите играат во Охрид и Битола во зависност до ривалите.

Мини фудбалскиот маратон ќе го заокружи составот на Лабуништа. Избраниците на Пепи Џигероски во Охрид ќе се судрат со прилепска Победа. Прилепчани се екипираат за вториот дел од сезоната, а дуелот со Лабуништа ќе биде вистински тест за квалитети и можностите.

Распоред: 

Сабота: Охрид – Кораб (12ч)

Недела: Струга Трим Лум – Пелистер (13ч)

Понеделник: Лабуништа – Победа (12ч)

OhridNews