На локација, која е една од најпрометните и најпосетувани во градот, Сараиште, оставен беше зелен отпад, но минувачите исто така имаа можност да го забележат и преполниот контејнер со отпад, што често се повторува, во текот на речиси секоја туристичка сезона.
Од ЈП Комуналец велат дека нивните служби редовно го креваат отпадот, но укажуваат дека за спречување на несовесното однесување на граѓаните, задолжена е Комуналната инспекција.
Истовремено, гостите кои тука минуваат не бараат објаснување за тоа- кој е виновен и кој за што е задолжен. Единствено, останува лошиот впечаток за комуналната хигиена на градот.