Минесота тимбервулвс синоќа го победи Денвер нагетс со 98:90 во седмиот натпревар од четвртфиналната серија на НБА плејофот. Гостите се вратија од -20 во првото полувреме и направија ретко виден пресврт во одлучувачките натпревари совладувајќи го актуелниот шампион три пати на домашен терен.
Најефикасен играч на паркетот беше Џамал Мареј од Денвер кој постигна 35 поени. Неговиот соиграч Никола Јокиќ оствари дабл-дабл 34 поени и 19 скока.
Минесота ја доби серијата со 4-3 и се пласираше во полуфиналето на плејофот каде ќе се соочи со Далас маверикс.
Пласман во полуфиналето синоќа избори и Индијана по победата над Њујорк со 130:109 во седмиот натпревар од четвртфиналната пресметка.
OhridNews