Серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс досега имаше се што можевме да замислиме кога е во прашање кошарката, а сега ќе го гледаме седмиот натпревар во серија бидејќи „волците“ го совладаа противникот со 115:70 и со тоа изборија „мајсторка“.

Нагетс во последната четвртина влегоа со -25, но Минесота повторно ја стегна одбраната и со серија од 24:0 отиде на +50!

До крајот на натпреварот шанса добија некои момци кои вообичаено немаат минутажа во плеј-офот и успеаја малку да го ублажат поразот.

Ова е најтешкиот пораз во историјата на франшизата од Колорадо кога е во прашање НБА плеј-офот.

Никола Јокиќ беше најефикасен со 22 поени и не доби вистинска поддршка од остатокот од тимот. Арон Гордон додаде 12 поени, а единствен со двоцифрен број поени беше Џамал ​​Мареј со 10.

Од другата страна, Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 27 поени, Џејден МекДаниелс додаде 21, Мајк Конли 13, додека Карл-Ентони Таунс и Наз Рид постигнаа по 10.

OhridNews
Фото: Фејсбук-Денвер Нагетс/МИА