На пригодна свеченост што денеска ќе се одржи во спомен куќата на Прличев, на познатиот бизнисмен и мецена, Минчо Јорданов, ќе му биде предаден клучот на градот. Јорданов со одлука на Советот на општината, од неодамна е почесен граѓанин на Охрид, за исклучителни заслуги во афирмацијата на градот во земјата и светот.

Бизнисменот Минчо Јорданов  во 1998 година со свои средства  целосно  ја донираше изградбата на спомен-куќата на истакнатиот книжевен преродбеник, Григор Прличев, по кого Охрид е препознатлив. Со таа донација, со тоа свое меценство како израз на љубовта кон  современиот духовен  живот на Охрид, Јорданов овозможи градот  истовремено да се оддолжи кон својот ловороносец, а од друга страна да се стекне со пријатно катче каде што се одржуваат бројни  манифестации  од областа на културата, велат од локалната саљмоуправа.

Ohridnews