Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во текот на 2023 година, на територијата на Македонија се регистрирани 780 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 172 објекти за домување (22.1 %), 134 доградби, надградби и адаптации (17.2 %), 62 деловни објекти (7.9 %), 33 гаражи (4.2 %), 160 огради (20.5 %), 3 скалила (0.4 %), 12 тераси (1.5 %), 9 летни тераси (1.2%), 63 натстрешници (8.1 %), 54 времени објекти (6.9 %) и 78 помошни објекти (10.0 %).

Во Охрид во 2023 година биле бесправно изградени 38 објекти, од кои 7 објекти за домување, 8 доградби, надградби и слични адаптации, 10 огради, по една гаража и тераса, 3 настрешници, и по четири времени и помошни објекти. Во Струга бесправно биле изградени 49 објекти од кои 10 за домување, 12 доградби, надградби и слични адаптации, 13 огради, 5 деловни објекти, 6 помошни објекти, две настрешници и еден времен објект, покажуваат податоците на ДЗС.

Најголем број бесправно изградени објекти (93.1 %), на ниво на држава, се во приватна сопственост.

Н.С.Ј.

извир. ДЗС