Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2010 година, во споредба со претходната година, е намален за 5.1% и изнесува 14. 155 склучени бракови.

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август (10.9%), а најмалку во март (5.4%).

Просечната возраст при склучување на прв брак е 25 години за невестата и 28 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2010 година бележи зголемување од 33.6% во споредба со 2009 година и изнесува 1 720 разведени бракови.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август (2.7%), а најмногу во декември (11.0%).

Најголем број разведени бракови (19.5%), според возраста на сопругата, се случиле во старосната група од 25 до 29 години, а за сопругот (18.8 %) во старосна група 35-39 години.

OhridNews