Минатата година на образовните институции во Охрид дипломирале вкупно 166 студенти. Од нив на Факултетот за туризам и угостителство 109 студенти, од кои 94 редовни и 15 вонредни. На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ дипломирале вкупно 57, сите редовни студенти, најмногу на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
На ниво на држава во 2023 година, според податоците, е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.
Имено, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки. Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.
OhridNews