Австриската полиција фатила еден 24-годишен турчин кој возел без возачка дозвола. Серхат Г. кој по јубилеен 20-ти пат бил запрен во местото Санкт Георген во Атерг, не сваќал дека не може да вози без возачка дозвола. Тој се правдал дека без автомобил не може да оди на работа, додавајќи дека има две деца, долгови и дека морал да плаќа станарина, велејќи дека досега минал повеќе од два милиони километри.

Запрашан зошто не полагал возачки испит, тој рекол дека кога имал 13 години со автомобил удрил во граничник на патот, поради што не можел да полага кога наполнил 17 години. Додал дека  сега, кога имал премногу казни поради без возење без возачка, властите не му дозволувале да полага. Во неговиот случај му била изречена парична казна од 2180 евра, како и шест седмици затвор.