Сенди Крокер следните четири седмици ќе ја пребарува Ирска во потрага по својата црвенокоса убавица која накратко ја запознал минатата година во едно кафуле. Иако со неа разговарал само накратко, сакал повторно да ја види. Ја забележал како заминува и ја запрашал како да стигне до едно одредено место во Ирска. Следниот ден ја напуштал Ирска, така да не гледал причина да разменува контакти со неа. Но, откако заминала, одлучил дека сепак тоа требало да го стори.

Тој и неговиот брат започнале да ја бараат. Го пребарувале градот еден или два часа и не можеле да ја пронајдат. Подоцна истата ноќ се вратиле и повторно на барале, но без успех. Откако се вратил дома во Канада, Сенди, кој по занимање бил заболекар, не можел да престане да мисли на девојката. Минатиот месец одлучил да се врати во Ирска на еден месец како би се обидел да ја пронајде.